Продолжува судската битка: Џони Деп ја тужи Амбер Хард за клевета

Амбер Хард и Џони Деп
Амбер Хард и Џони Деп / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES/PAUL BUCK/NEIL HALL

Денес започна судењето во кое актерот Џони Деп ја тужи својата поранешна сопруга Амбер Хард за клевета и бара отштета од 50 милиони долари. Имено, актерката објави напис во „The Washington Post“ во 2018 година, во кој сведочеше дека е жртва на насилство, без да го спомне името на Џони Деп.

Поради оваа клевета, Џони Деп ја изгуби долгогодишната добра репутација во Холивуд и остана без неколку важни филмски улоги.

Вчера Амбер Хард се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и ги извести следбениците дека ќе биде отсутна во наредните неколку недели.

„Како што знаете, јас ќе бидам во Вирџинија, каде ќе се соочам со мојот поранешен сопруг Џони Деп на суд. Џони ме тужи за напис кој го напишав за ‘The Washington Post’, во кој го раскажав своето искуство со семејното насилство. Јас никогаш не го именував него, туку пишував за цената која ја плаќаат жените кога зборуваат против моќните мажи. Јас сѐ уште ја плаќам таа цена, но се надевам дека, кога овој случај ќе заврши, и двајцата ќе продолжиме понатаму“, стои во објавата на Амбер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)

Како потсетување, Џони Деп ја загуби тужбата против британскиот таблоид „Sun“ и главниот уредник Ден Вутон во 2020 година. Имено, во фокусот на тужбата беше напис објавен на интернет-страницата на списанието во април 2018 година, под наслов „Несовесно: Како може Џ.К. Роулинг да биде ’многу среќна‘ со најмувањето на сопруготепачот Џони Деп во новиот филм ’Фантастични ѕверки‘?“ („Gone Potty: How can JK Rowling be ‘genuinely happy’ casting wife beater Johnny Depp in the new Fantastic Beasts film?“).

Продолжува судската драма меѓу Џони Деп и Амбер Херд: Многу познати имиња на списокот на сведоци

Холивуд го бојкотира: По скандалот со Амбер кариерата на Џони Деп „тоне“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот