ФОТО | Колку наследници има Илон Маск, новиот сопственик на Твитер

илон маск деца
Илон Маск, Фото: ЕПА, Инстаграм

Потомството на Илон Маск само продолжува да расте. Билионерот и пејачката Грајмс, тајно го дочекаа своето второ дете, девојчето Екса Дарк Сидаераел, преку сурогат во декември 2021 година, пишува „Page Six“.

Невообичаено именуваното новороденче, што го има прекарот „Y“, им се придружува на шесте други деца на новиот сопственик на „Твитер“: Грифин, Ксавиер, Каи, Саксон, Демијан и Икс.

Невада Александар Маск

Откако се венчаа во јануари 2000 година, Маск и канадската писателка Џастин Вилсон го дочекаа синот Невада Александар Маск во 2002 година. Невада умре од синдром на ненадејна смрт на доенчиња, или СИДС, на само 10 недели.

Грифин и Ксавиер Маск

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)

Откако го загубија своето првороденче, Маск и Вилсон се свртеа кон ин-витро за да го зголемат своето семејство. Таа ги роди близнаци Грифин и Ксавиер Маск во април 2004 година. Момчињата сега имаат 17 години.

Каи, Саксон и Демијан Маск

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tim and Kim (@tim_andkim)

Поранешната двојка користела и ин-витро за да им посака добредојде на тројните синови Каи, Саксон и Демијан во јануари 2006 година. Триото сега има 16 години.

Маск и Џастин се разведоа во 2008 година и го делат старателството над нивните пет сина.

X AE A-XII Маск

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ET Panache (@etpanache)

Маск го пречека својот најмлад син Х, во 2020 година. По два брака со Талула Рајли и кратката врска со актерката Амбер Херд, Маск започна да се забавува со пејачката Грајмс во мај 2018 година. Таа го роди нивниот син, X AE A-XII, во мај 2020 година. X сега има 1 година.

Еве што значи името X Æ A-12, кое Илон Маск и Грајмс му го дадоа на синот

X првично беше именуван X Æ A-12, но „Æ“ и „12“ го прекршија калифорнискиот закон затоа што не беа дел од англиската азбука, принудувајќи ги неговите родители да го сменат неговото име.

Маск и Грајмс раскинаа во септември 2021.

Илон Маск и Грајмс се разделуваат по тригодишна врска

Екса Дарк Сидараел Маск

Грајмс откри во март 2022 година дека таа и Маск ја дочекале неговата прва ќерка, Екса Дарк Сидараел Маск, преку сурогат во декември 2021 година. Таа го добила прекарот Y откако нивното друго дете го добило името X.

Грајмс го нарече Маск нејзин „дечко“ во интервјуто за „Vanity Fair“, иако ја врами нивната врска како „течна“. Меѓутоа, неколку часа по објавувањето на насловната приказна, таа на „Твитер“ објави дека оттогаш повторно се разделиле.

ФОТО | Второ бебе далеку од очите на јавноста: Илон Маск и Грајмс станаа родители на девојче

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daddy Musk (@spacelonx)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот