Еве што значи името X Æ A-12, кое Илон Маск и Грајмс му го дадоа на синот

илон маск, грајмс
Илон Маск и Грајмс/ Фото: Профимедиа

Илон Маск и канадската пејачка Грајмс во понеделникото го добија првото заедничко дете, а потоа открија дека одлучиле синот да го наречат X Æ A-12.

Сепак, тие нема да можат да го запишат ова име во изводот на детето. Нотарската служба во Лос Анџелес објаснила дека во сојузната држава Калифорнија незаконско е вклучување на симболи и бројки во имињата што се запишуваат во матичната книга на родените.

Законот вели дека во службената документација можат да се појават само букви од абецедата, што значи дека X Æ A-12 ги крши тие правила.

Корисниците на социјалните мрежи веќе со денови се обидуваат да откријат што значи името на детето, а сите недоумици преку Твитер ги реши девојката на Илон Маск.

Х е непозната варијабпла, а Æ виленски знак за Ai (вештачка интелигенција). А-12 е ознака на нашиот омилен авион СР-17, без оружје, без одбрана, само брзина, одличен во битките, но ненасилен. И за крај А како Архангел, мојата омилена песна“, објаснила Грајмс.

Потоа се огласи и Илон Маск, кој го корегираше нејзиното објаснување. Тој забележал печатна грешка во нејзиниот статус и ја предупреди на тоа, а изгледа дека таа не беше премногу импресионирана со неговиот потег.

СР-71, ама да“, напиша Маск поправајќи го нејзиното објаснување за нивниот омилен авион, бидејќи ги заменила бројките на ознаката.

Грајмс на тоа не му остана должна:

Се опоравувам од операција и едвај сум жива, па мислам дека би требало печатните грешки да ми се простат“, одговори таа.

Маск на тоа и напиша дека е силна жена.

Останува да видиме какво ново име сега ќе смислат за бебето.

Twitter

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот