ФОТО | Второ бебе далеку од очите на јавноста: Илон Маск и Грајмс станаа родители на девојче

илон маск, грајмс
Илон Маск и Грајмс/ Фото: Профимедиа

Иако јавно одамна изјавија дека не се заедно, американските медиуми пишуваат дека парот Илон Маск и пејачката Грајмс, имаат второ дете.  Според изворот, девојчето се родило во февруари, а пејачката откри дека и малечката доби интересно име, Екса Дарк Сидараел, но ја викаат Y.

Парот веќе има едно дете, кое исто така има специфично име, X Æ A-Xii.

Девојчето го родила сурогат-мајка, и тоа неколку месеци откако Грајмс и Маск прекинаа по тригодишна врска. Тогаш се шушкаше дека милијардерот веќе има и нова девојка.

Сега повторно се заедно, на одреден начин. Пејачката за нивниот однос вели:

„Веројатно би го нарекла свое момче, но доста сме флуидни. Живееме одвоено. Сепак сме најдобри пријатели, постојано се гледаме. Имаме некаква релација која не очекувам да ја разберат другите луѓе“

Таа додаде дека и двајцата сакаат уште деца, барем три или четири.

Илон Маск и пејачката Грајмс почнаа да се гледаат во 2018 година. Маск освен двете деца со Грајмс има и пет сина од бракот со Џастин Вилсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот