Еден од хероите на Мундијалот – продавал дресови за болниот син, а сега ја запре Германија
Орландо Хил стана херој на Парагвај по драматичната победа над Германија по пенали, но зад блескавата ноќ на Мундијалот се крие животна приказна исполнета со борба, жртви и тешки моменти далеку од фудбалските терени.
Препорачано
Патот до врвот за парагвајскиот голман воопшто не бил лесен. Само неколку години пред да стане национален херој, Хил минувал низ најтешкиот период во својот живот, кога по раѓањето на неговиот син Лаутаро Даниел семејството се соочило со сериозни здравствени и финансиски проблеми.
Сметките за лекување брзо се зголемувале, а основните трошоци станале огромен товар. Во обид да обезбеди средства за лекување на детето, Хил бил принуден да се раздели со речиси сè што имал од спортска опрема до лични предмети, вклучително копачки, дресови и тренерки.
Неговата сопруга Мелиса во изјава истакнува дека во тие моменти семејството буквално се борело за опстанок, а тој бил целосно посветен на борбата за животот на својот син.
Chosen by the fans: Orlando Gill, your @MichelobUltra Superior Player of the Match. 👏
#FIFAWorldCup #SuperiorPOTM pic.twitter.com/IYC2vAp2Ag
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) June 29, 2026
Патот на Хил во фудбалот започнал во Сан Лоренцо, каде првично настапувал како напаѓач. Поради неговата висина, тренерите подоцна му поставиле ултиматум, да се префрли на голманската позиција или да заврши на клупа. Таа одлука се покажала како пресвртница во неговата кариера.
По периодот во клубовите 13 де Хунио и повторно Сан Лоренцо, кон крајот на 2023 година следувала преселба во Сан Лоренцо де Алмагро, каде преку настапите во резервниот тим постепено се изборил за прв голман и во 2025 година потпишал професионален договор на две години.
Врвот на неговата кариера дојде токму на дуелот со Германија, каде имаше клучна улога во победата. Прво, по неговата интервенција беше поништен погодок на противникот, а потоа со сигурни одбрани го одведе натпреварот во пенал-рулет.
Во серијата пенали, Хил се истакна како херој на Парагвај, најпрво го запре ударот на Каи Хаверц, а потоа и на Валдемар Антон, со што ја запечати големата победа и пласманот на својата селекција.
Победата на Мароко над Холандија предизвика нереди во Хаг, уапсени се 13 луѓе


