фото: Фејсбук

ВИДЕО | Страшна бура на северот на Црна Гора, 52 степени во Подгорица

По неколку тропски денови што го зафатија регионот и донесоа температури од околу 40 степени Целзиусови од Словенија до Албанија, конечно се разлади денеска попладне, објавуваат медиумите од регионот.

Сепак, се очекуваше падот на температурата да биде придружен со големи временски проблеми, токму како што најавија метеоролозите.

Така, на северот од Црна Гора, Бијело Поље, денеска попладне е зафатено од ужасно невреме, бура, дожд и силен ветер кој донесе град.

На профилот на Подгорица времеполов, објавено е видео од градот Јгоче, на кое се гледа како градот побелел.

Малку порано, на истиот профил беше објавена фотографија направена во Подгорица, на која се гледа дека во овој град денеска се измерени дури 52 степени Целзиусови.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот