Клима / Фото: Профимедиа

Трагедија во Хрватска: Жена загина во пожар предизвикан од неисправен клима-уред

Жена загинала во пожар што вчера попладне избувнал во стан на третиот кат од станбена зграда во хрватскиот град Риека, објави „Дневни аваз“.

Причината за пожарот бил дефект на внатрешната единица на клима-уредот, соопштија од Полицијата на Приморско-горанската жупанија.

По извршениот увид, утврдено е дека смртта на 60-годишната жена настапила како последица од задушување со чад.

Исто така е утврдено дека пожарот, кој избувнал околу 17:25 часот, бил предизвикан од технички дефект на електричните инсталации во внатрешната единица на клима-уредот.

Телото на починатата жена е пренесено во Заводот за судска медицина и криминалистика при Медицинскиот факултет за обдукција, соопшти полицијата.

Жена во Словенија заспала со запалена цигара, предизвикала пожар во зградата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот