Возило на македонската пожарна/ Фото: Архива

Изгореа стари куќи и викендички во пожарот кај Велес

Во текот на денешниот ден на територијата на државата избија повеќе пожари на отворен простор од кои два кај Велес и Дојран се проширија во поголеми пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и додаде дека веќе е воспоставена делумна контрола и кај нив.

Градоначалникот на Велес, Марко Колев, изјави дека пожарот кој зафати неколку викендици и стари куќи, дел од лозови и други насади и пчелни сандаци е ставен под контрола, но поради непристапноста на теренот и силниот ветер сè уште не е изгасен.

„Во гасењето на овој пожар поддршка даде и еден воздухоплов ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. Во овој момент наредив негово повлекување, бидејќи нема потреба од ер-трактор понатаму да дејствува на овој пожар“, изјави Ангелов.

Вториот тежок пожар се наоѓа на територијата на општина Дојран и избувна на граничната линија помеѓу Македонија и Грција.

„Поради ветерот кој се уште дува овој пожар се закануваше да се движи во насока на куќите, но благодарение на акцијата на гевгелиските пожарникари кои работат на негово гаснење со поддршка на добровилци пожарникари од Дојран веќе е воспоставена делумна контрола и очекувам во наредниот период да биде воспоставена целосна контрола и да биде изгаснат во текот на ноќта“, потенцира Ангелов.

ФОТО | Голем чад се издига кај Долно Лисиче — се запали дива депонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот