Локални избори - Кичево: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Ќе направиме отстапки, но црвена линија е електронско гласање на дијаспората, порача Мицкоски

Подготвени сме да прифатиме две од трите барања на СДСМ, барањата на Левица се прифатени, уверува премиерот за Изборниот законик

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифатила барањата на Левица за државно финансирање на партиите за време на изборите и дека се спремни да прифатат две од барањата на СДСМ за Изборниот законик, но дека не отстапуваат од електронското гласање кое предлагаат да започне на следните претседателски избори. Мицкоски рече дека Левица води непринципиелна политика и иако учествувале во работната група за Изборниот законик, одбиле да го потпишат.

„Но, на крај не можеме да се однесуваме дека не сме од овде и пред јавноста да глумиме дека ова си го договориле другите партии, ние сме посебни, нема да го бојкотираме ама ќе седиме на страна. Тоа е политички некоректно, не е етички, не е морално, на крајот на денот не е цивилизирано“, рече Мицкоски.

Две од барањата на СДСМ за начинот на гласање (да не се заокружува бројката да се заокружува името) и во делот на изборната жалба од страна на набљудувачите и овластените претставници на политичките партии се прифатливи за ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски рече дека би прифатиле амандмани за нив доколку СДСМ ги поднесе. Црвената линија на ВМРО-ДПМНЕ, рече тој, е електронското гласање на дијаспората.

„Наше единствено барање е да може да се овозможи од следните претседателски избори по електронски пат да гласа дијаспората. Изборот на претседател е поврзан со цензус, второ многу не чини кога испраќаме од Македонија во ДКП-та изборна комисија и нашата цел беше да ги намалиме тие трошоци, да овозможиме на дијапората електронски да гласа во ера на вештачка интелигенција. Еден човек, еден глас, кој што е регистриран и има македонски пасош. За нас тоа е црвена линија, бидејќи тоа го прифатија“, рече Мицкоски.

Зборувајќи за постапките на Левица рече дека тие нема повеќе да ја толерираат нивната непринципиелна политика.

„ Ако мислат дека треба да пропадне оваа реформа – во ред. Нема да го донесеме. Од десет којшто треба да ги испорачаме во грејс период девет ќе испорачаме. Ќе одиме по стариот Изборен законик“, порача Мицкоски.

Наместо нов Изборен законик, повторно „козметички“ измени, ако опозицијата не го блокира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот