Драма над небото: патнички авион на лет кон Израел пријавил киднапирање, слетал во Бугарија
МиГ-29 на Воздухопловните сили на Бугарија успешно пресретнал патнички авион за време на операцијата на воздушна полиција (Air Policing) за заштита на воздушниот простор, објави Министерството за одбрана, пренесуваат бугарските медиуми.
Препорачано
Бугарските воздухопловни сили ги активирале своите сили за итни случаи откако Ербас А320 пријавил код 7500 за нелегалнa активност во авионот. Овој код се користи и при киднапирање на авион. Бугарскиот борбен авион успешно го пресретнал авионот во 13:57 часот кога влегол од правец на реката Дунав.
Медиумите во Бугарија наведуваат дека размената на информациите и координацијата на акцијата биле изведена со Заедничкиот центар за воздушни операции на НАТО во Торехон.
Бугарскиот пилот извршил испрашување и го придружувал авионот низ бугараскиот воздушен простор. Во 14:14 часот, патничкиот авион ја напуштил земјата, а мисијата ја презеле два турски борбени авиони Ф-16 во тесна координација со воздухопловните сили на Грција.
Сепак, израелската војска вели дека два борбени авиони пресретнале цивилен авион над Источниот Медитеран по „извештај за изгубена комуникација“.
„ЛОТ Полш Ерлајнс“ вели дека екипажот на летот, кој го управуваше бугарската авиокомпанија „Електра Ервејс“ во нивно име, „пријавил вонредна ситуација“.
Според „24 часа“, станува збор за лет на полската авиокомпанија LOT од Варшава до Израел. Според нивните информации, кога цивилниот авион бил над Кипар, пилотот на авионот повторно го активирал алармот за киднапирање, по што авионот направил полукружно свртување и се вратил во Бугарија, откако му било одбиено слетување на Кипар. Објавувањето укажува дека авионот бил во Бургас на полнење гориво. Не е јасно од кои причини Кипар одбил слетување, како и зошто авионот не слетал во Турција.
Драма на небото над Србија – авион од Хургада принудно слетува во Белград поради чад во кабината


