Марија Митева / Фото: Влада на РСМ

Марија Митева е нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

На вечерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, портпаролката на Влада, Марија Митева, е избрана за претседателка на Унијата на жени на партијата.

„Ќе бидам претседателка која ќе слуша, ќе обединува и ќе работи. Водена сум од убедувањето дека најголемите промени не започнуваат кога некој ќе ни даде можност, туку кога ќе ја прифатиме одговорноста што таа можност ја носи“, напиша Митева на социјалните мрежи, заблагодарувајќи се за довербата што и ја укажале претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Извршниот комитет, да ја предводи Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

На истата седница, за нов претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е избран Тодор Коневски на местото на сергеј Попов.

Со овие одлуки, ВМРО-ДПМНЕ ги заокружува кадровските промени во двете значајни партиски структури, Унијата на жени и Унијата на млади сили.

Клековски е новиот министер за здравство, Перински застанува на чело на ФЗО

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот