украински војници украина киев
Украинска армија / Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Ранети украински војници пристигнаа во Хрватска на лекување

На аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб денеска пристигна нова, шеста група украински ранети. 21 од нив, кои пристигнаа со норвешки авион, ќе го продолжат лекувањето во хрватските болници како дел од програмата за медицинска помош за Украина, објави ХРТ.

Со пристигнувањето на денешната група, Хрватска досега се згрижила за вкупно 112 ранети лица од Украина. Досега за нивно лекување се потрошени 1,268 милиони евра. Украинските ранети ќе останат на лекување во Хрватска сè додека нивната здравствена состојба не се подобри до степен што ќе им овозможи да се вратат дома.

„Владата на Република Хрватска обезбеди средства за да можеме да ги примиме нашите пријатели, ранетите од Украина. Со нашето огромно искуство од Татковинската војна, целосно разбираме за какви рани и ранети зборуваме. Секако, сакаме да им помогнеме на нашите пријатели од Украина“, рече Ренато Митермаер, државен секретар во Министерството за здравство.

Милановиќ: Хрватските војници нема да одат во Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот