Влада на РСМ / фото: Драган Митрески - Слободен печат

Клековски е новиот министер за здравство, Перински застанува на чело на ФЗО

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција ги соопшти кадровските промени во Владата, во рамки на реконструкцијата на владиниот состав.

Тој кажа дека реконструкцијата означува почеток на нова фаза по изминати две години од работата на оваа влада и најави дека следува период во кој фокусот ќе биде уште повеќе ставен на ефиканоста и динамиката и постигнување ефикасни резултати, нова енергија за ново забрзување.

Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски ќе раководи со Министерството за здравство, а за министер за социјална политика, демографија и млади е предложен досегашниот заменик министер во истото Министерство, Ѓоко Велковски.

Досегашниот министер за локална самоуправа Златко Перински е предложен за директор на Фондот за здравствено осигурување, а ресорот локална самоуправа ќе го преземе Иван Стоилковиќ, кој досега ја вршеше функцијата министер за односи меѓу заедниците.

За министер без ресор е предложен Ерџан Демир.

Од Вреди нови министри ќе бидат поставени во Министерствата за правда, за култура и за односи меѓу заедниците, додека ЗНАМ ќе номинира нов кандидат во земјоделие. Претходно лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, изјави дека за министер ќе биде предложен Борче Серафимовски. Горан Минчев останува да го раководи Министерството за јавна администрација. ;

Досегашниот ресор за добро владеење се укинува и тој ресор ќе биде директно под ингеренции на кабинетот на премиерот.

Мицкоски најави дека Демократската партија на Турците влегува во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

 

ЗНАМ ќе се помири со земјоделство, Вреди ја добива правда, здравството оди кај ВМРО-ДПМНЕ, потврди Мицкоски

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот