ГАЛЕРИЈА | Со многу емоции и „ѕвездено небо“ — стотици граѓани му оддадоа последна почит на Владо Јаневски пред арената „Борис Трајковски“
К.С.
Пред
Стотици граѓани вечерва се собраа на платото пред арената „Борис Трајковски“ во Скопје за да му оддадат последна почит на големиот и непрежален Владо Јаневски. На собирот, организиран од продукциските куќи „Авалон“ и „Прагма“, присуствуваа и негови колеги и соработници од естрадата, како и новинари и јавни личности.
Програмата започна во 20 часот, а ја водеше Марко Марк. На поставената сцена беше прикажана фотографија од Владо Јаневски, додека присутните запалија свеќи, оставија цвеќе и со светлата од мобилните телефони и изведба на неговите најпознати песни му оддадоа последна почит.
Собирот се одржа пред арената „Борис Трајковски“, каде што Владо Јаневски на 14 февруари годинава го одржа својот последен голем концерт заедно со Момчило Бајагиќ – Бајага. Тогаш, во исполнетата сала, неколку часа ги изведуваше своите најголеми хитови, а вечерва на истото место неговите почитувачи се собраа за последен поздрав.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Веќе долго време во јавноста се зборува дека Вториот пензиски столб, односно задолжителните приватни пензиски фондови, нема да им донесат добро на идните пензионери, а згора на тоа, сега значајно ја осиромашуваат државната каса, затоа што во државниот пензиски фонд се јавува дупка како кратер за сегашните пензии и таа мора да се пополнува со …
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Марија Митева е нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ 2 Паузите за хидратација на Светското првенство му донесоа милиони на Бекам 3 ГАЛЕРИЈА | Со многу емоции и „ѕвездено небо“ — …