Паузите за хидратација на Светското првенство му донесоа милиони на Бекам
Контроверзните паузи за хидратација, кои за првпат беа воведени на годинешното Светско првенство, освен што предизвикаа бројни реакции во фудбалската јавност, се покажаа и како вистинска златна можност за огласувачите. Меѓу оние што најмногу профитираат од новиот формат е поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам.
Препорачано
Според „Дејли мејл“, Бекам заработува милионски суми благодарение на рекламите што се емитуваат за време на задолжителните триминутни паузи за хидратација, кои се прават во двете полувремиња. Иако ваквата практика е вообичаена во американските спортови спортови, во светскиот фудбал наиде на бројни критики.
Телевизиските компании овие прекини ги претворија во дополнителен простор за рекламирање, што значително ги зголеми приходите од преносите на натпреварите.
Бекам, кој неодамна според листата на „Сандеј тајмс“ беше вброен меѓу милијардерите, е заштитно лице на голем број светски брендови. Компании како „Пепси“, „Мекдоналдс“, „Лејс“, „Стел Арто“, „Хоум Депо“, „Банка на Америка“, „Веризон“ и „Адидас“ токму него го избраа како главен промотор за време на Светското првенство.
Според анализата на „Дејли мејл“, која се повикува на Патрик Риш, директор за спортски бизнис на Универзитетот во Вашингтон, Бекам само од рекламните кампањи поврзани со Мундијалот ќе инкасира околу 25 милиони евра.
„Тоа е доказ за неговата глобална популарност, комерцијалната вредност и препознатливоста што ја има ширум светот“, изјави Риш.
Тој додаде дека Бекам е една од ретките спортски личности што може да привлече толку различни светски брендови.
„Тој веднаш е препознатлив, има имиџ на вистински господин и личност со интегритет, што го прави исклучително привлечен за компаниите“, оцени Риш.
Од друга страна, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ги отфрли тврдењата дека паузите за хидратација се воведени поради комерцијални причини.
„Главната причина се високите температури. Но, мора да се има предвид дека Светското првенство трае 39 дена и репрезентациите можат да одиграат до осум натпревари, па затоа е важно играчите да имаат можност за краток одмор и освежување“, изјави Инфантино.
Победата на Мароко над Холандија предизвика нереди во Хаг, уапсени се 13 луѓе
Со поразот од Парагвај на пенали беше прекината и една традиција на Германија


