Eрлинг Халанд/Fotballandslaget

ВИДЕО | Кој друг ако не тој — Халанд ја одведе Норвешка во осминафинале

Норвешка обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство, откако со 2:1 го совлада Брегот на Слоновата Коска во возбудлив натпревар.

Норвежаните поведоа во 39. минута преку Антонио Муса, кој со одличен удар ја затресе противничката мрежа и донесе предност од 1:0. И покрај неколкуте можности на двете страни во првото полувреме, тоа беше единствениот погодок пред паузата.

Во продолжението, Брегот на Слоновата Коска заигра поофанзивно и заслужено стигна до израмнување во 74. минута, кога Амад Диало успешно ја реализираше својата шанса за 1:1.

Сепак, радоста на африканската селекција траеше кратко. Норвешка брзо ја врати иницијативата, а победата ја обезбеди Ерлинг Халанд со гол во 86. минута, поставувајќи ги конечните 2:1.

Со овој триумф, Норвешка се пласира во осминафиналето на Мундијалот, каде што на 5 јули од 22:00 часот ќе ги одмери силите со Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот