Маск на „Икс“ бесплатно прикажа контроверзен германски филм снимен во Загреб
Германскиот филм „Граѓанин одмаздник“ со Арми Хамер во главната улога, на кој германските цензори му одбија одобрување поради „поттикнување насилство врз имигрантите“, доживеа неочекувана експлозија на гледаност и обезбеди светска дистрибуција благодарение на интервенцијата на Илон Маск. Заплетот следи бизнисмен кој крваво им се одмаздува на имигрантските криминалци, а технолошкиот милијардер го објави по острите критики, пишува „Гардијан“.
Препорачано
Трилерот на режисерот Уве Бол беше достапен бесплатно на профилот на Маск на социјалната мрежа„Икс“ од минатиот четврток до недела, што значително ја зголеми неговата маркетиншка и комерцијална видливост. Филмот беше објавен во САД на 19 јуни од Quiver Distribution, која, според Variety, сега ги стекна и правата за светска дистрибуција.
„Граѓанин одмаздник 2 ќе биде уште подобар“, објави Маск на „Икс“.
Режисерот Уве Бол тврди дека германскиот филмски регулатор FSK намерно го цензурирал неговиот филм.
„Ангажирав адвокат и поднесов жалба, но бевме одбиени со шест гласа наспроти два. Ми беше кажано дека филмот поттикнува насилство врз мигрантите“, рече Бол.
Интервенцијата на Маск го стави филмот во центарот на тековната културна војна, во која Маск редовно им дава поддршка на крајно десничарските антиимигрантски активисти, како што беше случајот неодамна по нападот со нож во Белфаст.
Компанија на Илон Маск регистрираше фирма во Црна Гора со основен капитал од две евра


