Моџтаба Хамнеи нема да присуствува на погребот на татка си поради ризик од атентат

Иранскиот врховен водач, Моџтаба Хамнеи, нема да присуствува на погребот на својот татко Али Хамнеи, кој исто така ја предводеше државата, но беше убиен во американско-израелските напади, потврди претставник на иранското верско раководство во Индија, објави „Индија тудеј“. Причината за одлуката, според властите, се сериозни безбедносни закани.

Ајатолахот Хаким Елахи изјави дека таквата одлука е донесена поради, како што рече, постојаните закани од израелски претставници насочени кон иранските лидери. Според него, присуството на Моџтаба Хамнеи на погребот би претставувало голем безбедносен ризик.

Тензиите меѓу Техеран и Тел Авив дополнително се зголемија откако израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Хамнеи е „обележан за смрт“, по што Иран испрати остро предупредување.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, потоа порача дека секоја нова закана кон иранското раководство ќе биде дочекана, како што рече, со „силен одговор“.

Али Хамнеи беше убиен на 28 февруари во операција на американските и израелските сили на почетокот на војната против Иран.

Иран очекува до 20 милиони луѓе на погребот на Али Хамнеи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот