Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Како да го носите најголемиот моден хит ова лето — капри панталони со точки

Модата ова лето го носи враќањето на едно од најпрепознатливите ретро парчињакапри панталоните со точки. Комбинацијата од женствен дезен и крој што допира до средината на листовите повторно ги освои модните писти, социјалните мрежи и гардеробите на љубителите на елегантен, но разигран стил.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Точките се меѓу омилените модни мотиви од сезона во сезона, а сега добија ново издание во комбинација со крој капри. Резултатот е парче кое истовремено изгледа софистицирано, лежерно и доволно впечатливо за да биде главна ѕвезда на секоја комбинација.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laura (@lauri.style)

 

Особено се популарни моделите во црно-бела комбинација, кои лесно можат да се комбинираат со едноставни маици, кошули или ленени палтиња. За дневен изглед доволно е да додадете рамни сандали или балетанки, додека чевлите со потпетица или елегантните влечки лесно ќе го претворат истиот модел во вечерна комбинација.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gemma Talbot (@gemmatalbot)


Модните инфлуенсери сè почесто го избираат овој тренд сè почесто бидејќи нуди безброј можности за стилизирање. Минималистички горен топ, дискретен накит и мала чанта се доволни за да ги истакнат капри панталоните со точки во прв план.

Ако преферирате похрабри модни комбинации, точките можете да комбинирате со пруги или друг ситен дезен, но важно е боите меѓусебно да се согласуваат, за целокупниот изглед да остане хармоничен.

Капри панталоните со точки покажуваат дека класиците секогаш се враќаат. Ова лето, тие претставуваат комбинација од ретро шарм и современ стил, па затоа не чуди што ги гледаме сè почесто и на модните писти и на улиците на светските модни метрополи.

 

@laurencarltonw Officially my favourite summer outfit right here! Polka dots and capris are my vibe #polkadot #capri #summeroutfit ♬ original sound – LAUREN CARLTON

 

ФОТО | Ова модно парче летово ја симна од тронот ленената кошула и изгледа 10 пати полуксузно

ФОТО | Ги пронајдовме најдобрите бели маички на сите времиња — во нив ќе изгледате толку шик и кул!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот