„Убаво на душичката“: Игор Џамбазов со приказна која сите ќе нѐ замисли
Актерот Игор Џамбазов сподели емотивна приказна со која упати јавна молба до неговите следбеници на Инстаграм. Со неа, тој апелираше до луѓето да не ги заборават вистинските вредности.
Препорачано
Тој сподели сеќавање од пред три години, нагласувајќи дека и денес „ништо не е сменето“ и дека пораката ја има истата тежина.
Џамбазов ја пренесе својата емотивна порака, насловена како „Молба на денот“, во која повикува на скромност, емпатија и анонимна добрина:
„Пријател(к)е… Направи денес барем едно добро дело. Не мора никој да те види. Можеби никој нема ни да чуе за тоа. Ама ти ќе знаеш. И ќе ти биде убаво на душичката…“
Како совршена илустрација за оваа порака, Игор во заднина ја избра култната нумера „За милион година“ од „Ју рок мисија“.
Хуманитарната акција „Бенд Еид“ ја започнаа Боб Гелдоф и Миџ Јур во 1984 година со снимање на празничниот сингл „Do They Know It’s Christmas?“, каде ги собраа најпопуларните британски и ирски музички ѕвезди за да обезбедат итна помош за гладните во Етиопија. Овој проект постигна огромен комерцијален успех и инспирираше слични глобални иницијативи низ светот, вклучувајќи ја и југословенската „Ју рок мисија“.

Во рамките на оваа иницијатива, во 1985 година најголемите југословенски музички ѕвезди ја снимија култната поп-рок балада „За милион година“, компонирана од Драган Илиќ со текст на Младен Поповиќ, која носи моќна порака за хуманост и заедништво. Во песната, водечките вокали ги пеат легендите Оливер Мандиќ, Серџо Блажиќ, Жељко Бебек, Марина Перазиќ, Бајага, Весна Врањеш, Аки Рахимовски, Слаѓана Милошевиќ, Дадо Топиќ, Масимо Савиќ, Здравко Чолиќ и Јура Стублиќ. Македонскиот печат во ова дело е на нашиот виртуоз Влатко Стефановски кој го отсвире гитарското соло на средината од песната.
Неодамна, Игор Џамбазов, отворено и со разочарување проговори за навредите со кои се соочил тој, но и дел од неговите колеги и пријатели.
Актерот рече дека никој нема право да ги нарекува „пропалитети“ него и уште неколку негови колеги и јавно праша: зошто има такви луѓе?
„Сега баш слушнав и се прашав, зошто има такви луѓе? Можеби пет до десет од најуспешните Македонци, нѐ нарече пропалитети. Луѓе, Дали знаете вие што е пропалитет? Тоа е човек што ништо не работи, што ништо не направил во животот, што лаже, што краде, што ги мами луѓето, што мириса лошо, што зборува лошо за другите, што ги третира ги третира жените како животни. Е тоа е пропалитет“, рече актерот за „Црнобело“ и потоа ги наброја колегите за кои слушнал навреди.
„А, не сме пропалитет Слаткаристика, Калиопи, јас и Тамара. Не, срце мое, ни оддалеку. И ние сме имале свои лоши моменти во животот, успони и падови, но тоа е дел од уметникот. Ние сме уметници“, изјави Џамабзов.


