Фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Марк Маркез триумфираше на трката за Големата награда на Унгарија

Возачот на Дукати, Марк Маркез од Шпанија, победи на денешната трка за Големата награда на Унгарија на патеката Балатон Парк во шампионатот Мото ГП.

Маркез победи со време од 42:55,32. Шпанецот денеска ја забележа својата 100 победа во сите категории, а својот 74 триумф во „кралската класа“.

Со овој резултат, тој сега има 72 бода повеќе од Бецеки во генералниот пласман.

Второто место на трката го освои возачот на Ред Бул КТМ, Педро Акоста од Шпанија, кој заостануваше 1,343 секунди зад победникот.

Тимскиот колега на Маркез, Франческо Бањаја, заврши на третата позиција.

Трката беше обележана и со инцидент во првиот круг, кога во првата кривина, по доцното сопирање, возачот на Априлија, Хорхе Мартин, го исфрли својот тимски колега Марко Бецеки од патеката, како и Фермин Алдегера од Гресини Рејсинг и Раул Фернандез од Трекхаус, додека Фабио ди Џанантонио од тимот ВР46 успеа да ја продолжи трката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот