Возило на брза помош / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Маж најден со убодна рана во неговиот дом, рекол дека сам се повредил во кујната

Четириесет и шестгодишен скопјанец итно бил пренесен во болница откако вчера попладне бил пронајден со убодна рана во неговиот дом во скопската населба Аеродром.

Според информациите од МВР, човекот рекол дека сам се повредил во кујната.

„На 4 јуни околу 14 часот, во СВР Скопје било пријавено од Итната медицинска помош дека во дом на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден повреден со нож 46-годишниот Д.Б. од Скопје. Тој бил пренесен на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а на местото излегле полициски службеници кои извршиле увид. Според првичните сознанија и изјавата на повредениот, тој сам се повредил при пад во кујната додека работел“ соошти МВР.

За инцидентот веднаш бил известен и дежурниот јавен обвинител, а полицијата во моментов презема дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

ВИДЕО | Двајца пешаци се прегазени на дивиот премин кај Бит-пазар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот