Крај за најпознатиот звук од СП 2010 – вувузелите нема да се слушаат на годинешниот Мундијал
Светот полека запаѓа во фудбалска треска бидејќи остануваат само неколку дена до почетокот на Мундијалот, кој оваа година се одржува во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули.
Препорачано
И додека сите репрезентации што учествуваат на претстојното најголемо шоу на светскиот фудбал се подготвуваат за најголемите предизвици, светската фудбалска управа (ФИФА) донесе посебна одлука што најверојатно нема да им се допадне на многу фанови.
ФИФА одлучи да воведе построги правила за навивачите и за време на натпреварите забрани користење на вувузели – пластични труби што го одбележаа Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година. Забрането ќе биде и користење на свирчиња, воздушни сирени, мегафони и сите други уреди што произведуваат прекумерна бучава.
Покрај уредите што создаваат бучава, забранети се и ласерски покажувачи, кои организаторите ги сметаат за потенцијална опасност за играчите и судиите. ФИФА, исто така, забрани шишиња за вода за повеќекратна употреба, наведувајќи ги безбедносните проблеми и можноста таквите предмети да бидат фрлени на теренот или трибините.
Последната линија на одбраната – десет голмани кои можат да го одлучат Мундијалот


