Screenshot/FB

ВИДЕО | Момент кој боли: семејството на загинатиот Аган го посети домот на Давид, момчето кое му посвети гол

Македонија пред една недела беше погодена од трагичната вест за смртта на младиот 13-годишен фудбалер, Аган од селото Черкези, кој загина во сообраќајна несреќа откако беше удрен од возило додека беше на електричен тротинет.

Неколку дена потоа младиот Давид од редовите на ФК Еуроспорт постигна гол и му го посвети на Аган, а приказната сега доби продолжение откако семејството на 13-годишното момче го посети Давид.

Семејството на Аган дојде во домот на Давид каде што се сретна со него и со неговите најблиски, а при тоа симболично му ја подари топката која беше во сопственост на Аган.

Трагедија кај Черкези – 13-годишно дете загина на тротинет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот