Фото: X

ВИДЕО | Трамп повторно задрема за време на состанок во Белата куќа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно задрема додека траеше состанок во Белата куќа, пренесоа американските медиуми.

На состанокот посветен на енергијата, тој ги затвори очите неколку моменти и се потпре на столот.

Покрај американскиот претседател, на состанокот беа и секретарот за внатрешни работи Даг Бургум, секретарот за енергетика Крис Рајт и директорот на Агенцијата за заштита на животната средина, Ли Зелдин.

Портпаролот на Белата куќа, Дејвис Ингл ги отфрли тврдењата и рече дека Трамп е „најпаметниот, најдостапниот и најенергичниот претседател во американската историја“.

„Претседателот работи деноноќно за да ја направи оваа земја уште поголема отколку што беше досега“, нагласи тој.

Темата за повремените дремки на Трамп за време на јавните состаноци повторно се отвори еден ден по сослушувањето на американскиот државен секретар Марко Рубио во Конгресот.

Демократскиот претставник Тед Лиу му покажа на Рубио видеа за кои тврди дека го покажуваат Трамп како дреме за време на јавни настани. Рубио ги негираше тврдењата.

Во последните месеци, во американските медиуми се појавија дискусии за здравјето на претседателот, вклучително и шпекулации за неговата дневна поспаност.

Белата куќа во последните недели постојано ги негираше извештаите за здравјето на претседателот.

ВИДЕО | Водечки доктор тврди: „Дневната поспаност на Трамп може да биде злокобен аларм“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот