Фото: илустрација/Тима Мирошниченко/Pexels

Агресивна шефица се туркала со колешки во скопска болница, морало да реагира обезбедувањето

Вработена во здравствена установа во центарот на Скопје пријавила дека таа и нејзина колешка биле навредувани од нивната претпоставена, која наводно и им упатувала закани, а во еден момент морало да интервенира и обезбедувањето на болницата, соопшти МВР.

„На 03.06.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, М.К.(49) од Скопје пријави дека на 27.05.2026 околу 13:40 часот на нејзиното работно место во здравствена установа на подрачјето на Центар, во канцеларијата влегла нејзината колешка Н.С., која воедно била и нејзина претпоставена и агресивно се однесувала и ѝ упатила закани. Според пријавеното, Н.С. во тој момент упатила закани и навреди и кон вработената А.А., која што била истуркана од канцеларијата од страна на Н.С, по што реагирало и обезбедувањето на установата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Уапсен велешанец во Охрид кој физички ги нападнал партнерката и нивното бебе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот