Фото. GNK Dinamo Zagreb

Tрагедија во Хрватска: Во сообраќајка загина поранешен фудбалски репрезентативец

Во сообраќајна несреќа која се случи во Карловац, Хрватска, загина поранешниот хрватски репрезентативец Никола Покривач.

Покрај поранешниот фудбалер животот го загубило уште едно лице, а уште три биле повредени.

Низ кариерата Покривач настапуваше за: Динамо Загреб, Монако, Салзбург, ИНтер Запрешиќ, Славен Белупо…

Дресот на репрезентацијата на Хрватска го носеше на 15 натпревари, а играше и на Европското првенство во 2008 година.

Пред неколку години му беше дијагностициран потежок вид на рак поради што ја заврши професионалната кариера и играше низ аматерските лиги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот