Фото: ЦУК

Со смарт камери ќе се откриваат пожари на критичните локации

Центарот за управување со кризи (ЦУК) започна пилот-проект за поставување смарт (интелигентни) камери за рана детекција на пожари во неколку критични зони во државата, кои ќе бидат надгледувани 24 часа од Оперативниот центар на ЦУК.

„Се работи за камери со ротација од 360 степени, кои постојано го надгледуваат просторот и автоматски се насочуваат и запираат на точната локација веднаш штом детектираат чад или пламен“, соопштија од ЦУК.

Како што соопшти директорот на ЦУК, Мухамед Али, проектот има за цел навремено откривање на шумските пожари, побрза реакција на надлежните служби и поефикасна координација при интервенциите.

Тој додаде дека камерите се поставуваат со помош на домашна компанија.

„Интелигентните камери ќе се надгледуваат 24 часа од оперативниот центар при Центарот за управување со кризи. Овие камери ќе овозможат побрза реакција, поефикасна координација и поголема заштита на шумите, имотот и правата на граѓаните. Заштитата на животната средина и граѓаните на прво место“, рече Али.

Од ЦУК оценуваат дека со пилот-проектот се отвора ново поглавје во системот за заштита од пожари преку примена на современи технологии за рана детекција и побрзо дејствување.

Македонија се спрема за новата сезона на пожари со три авиони, со пензионери и со донирана опрема

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот