Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

И Латас се спасил од „Тотал“ – обвинителот се откажал од обвинението

По години судење, без пресуда за вина завршил и предметот „Тотал“ во кој беше обвинет новинарот Драган Павловиќ – Латас откако јавниот обвинител целосно се откажал од обвинителниот акт за даночно затајување, соопшти Кривичниот суд.

Пресудата за предметот кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, била донесена во мај оваа година и веќе е правосилна.

-Во конкретната постапка, која во овој суд се води од октомври 2017 – та година, обвинети се Д.П. – Л. како физичко лице, и три правни лица од Скопје, за кривичното дело Даночно затајување. Предметот неколку пати почнуваше од почеток заради промена на надлежноста на јавниот обвинител и преземање на предметот од едно во друго обвинителство, за на последното рочиште, надлежниот Јавен обвинител, во завршен збор да се откаже од понатамошно гонење на обвинетите. Имено, обвинителот, имајќи ги предвид наводите во вештиот наод и мислење најпрвин направил измени во обвинителниот акт, по што утврдил дека за две од обвинети правни лица во постапката, не се исполнети елементите кои го чинат законскиот опис на пријавеното кривично дело – Даночно затајување, додека за едно правно лице и обвинетиот Д.П. – Л. во меѓувреме настанала апсолутна застареност на кривичното гонење. Заради сето тоа, судот постапил согласно Законските одредби и ја донел наведената пресуда – соопшти Судот.

Обвинителството засега не соопштува кој обвинител се откажал од обвинението за овој предмет. Случајот „Тотал“ се однесуваше на наводно затајување данок и финансиски злоупотреби. Инаку Латас беше ослободен и за противправното градење на викендиците во Зелениково, случај познат како „Тревник“.

Латас и неговите браќа ослободени од обвинение во случајот „Тревник“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот