Бројот на стари предмети во Кривичниот суд е двојно намален
Основниот кривичен суд Скопје го намалил двојно бројот на заостанати предмети кои што се постари од 2 години. Лани на 30 јуни во судот имало 873 такви предмети, а годинава на истиот датум 410.
Препорачано

Прегледот на работата на специјализираното судско одделение за гонење кривични дела од организираниот криминал и корупција покажува дека во второто тримесечје од 2026 година нивната активност е зголемена. Од страна на ова одделение поднесени се 28 проценти повеќе предлози за притвор, четири пати е зголемен бројот на спогодби што се постигнати со обвинети (од 4 на 20), издадени се повеќе наредби за претрес, и значително повеќе мерки за обезбедување на имотот. Истовремено, во вториот квартал Кривичниот совет во повеќе случаи ги преиначил решенијата за притвор со определување гаранција или куќен притвор.

Пробациските мерки се во пораст кога лице или лица се осудени на условна казна. Во 2017 година имало само 3 предмети каде биле определени пробациски мерки, а во 2025 тој број се искачил на 380. Со пробациските мерки наместо краткотраен затвор, се постигнува индивидуализација на санкцијата.



