Европратеникот Сандро Гоѕи / Фото: Laurie DIEFFEMBACQ / European Parliament

Европратеникот Гоѕи: Србија оди во погрешна насока, Вучиќ не може да го држи Западен Балкан како заложник

Генералниот секретар на Европската демократска партија (ЕДП) и пратеник во Европскиот парламент (ЕП), Сандро Гоѕи, изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ „не може да го држи Западен Балкан како заложник“, пренесе „Данас“.

„Предлогот на претседателот Вучиќ, даден во неговото интервју за британскиот весник ‘Фајненшл тајмс’ во вторникот, за воведување на Западниот Балкан во Европската Унија како единствен блок е неприфатлив“, смета Гоѕи.

ЕУ, додава тој, отсекогаш била недвосмислена, проширувањето се базира на индивидуалните заслуги на секоја земја-кандидат. Овој принцип ги наградува оние што спроведуваат тешки реформи и никогаш не смее да се компромитира за да им се допадне на лидерите кои одбиваат да го сторат тоа, смета Гоѕи.

„Сакаме Западен Балкан што поскоро да ѝ се приклучи на ЕУ. Но, Црна Гора, Албанија и секој друг кандидат што навистина напредува преку реформи не смее да биде запрен, затоа што Србија на Вучиќ се движи во спротивна насока – ги еродира демократските институции, ги заплашува политичките противници и независните медиуми, толерира политичко насилство и одбива да се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ“, вели Гоѕи, според соопштението од неговата партија.

Претседателот Вучиќ не може да го користи регионот како штит за сопствените неуспеси или да ја држи европската иднина на своите соседи како заложник. На земјите што спроведуваат реформи мора да им се дозволи да напредуваат. Оние што им вртат грб на европските вредности не можат да очекуваат другите да го носат товарот на последиците. Претседателот Вучиќ и неговиот режим се оние што не го положуваат европскиот тест – не Србија, а сигурно не српскиот народ“, додава Гоѕи.

Вучиќ во интервјуто за „Фајненшл тајмс“ се заложи ЕУ да ги прими земјите од Западен Балкан заедно, како група.

„Ако сите влеземе заедно, нема да има граници меѓу Приштина, Белград и сите други. Регионот треба да биде обединет. Не да стане нова зона на конфликт меѓу луѓето што влегуваат во ЕУ и оние што се сè уште далеку од неа“, рече претседателот на Србија за британскиот весник.

Се разгледува нов механизам за пробив на патот кон ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот