ВИДЕО | Зграда се урна неколку минути по евакуацијата на жителите — избегната е голема трагедија во Шпанија
Жителите на трикатна зграда во Валенсија за влакно избегнаа трагедија откако беа евакуирани навреме од зградата, која целосно се урна неколку минути подоцна, пишува Ел Паис.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според Покраинскиот противпожарен конзорциум на Валенсија, екипи на оваа служба биле испратени на местото на настанот по пријава околу 22:01 часот дека жителите на зградата на улицата „Лас Америкас“ забележале пукнатини и слушнале бучава.
A three-storey building collapses in Benetusser, Valencia pic.twitter.com/oCIRVYFsTl
— Surajit (@surajit_ghosh2) July 15, 2026
Станува збор за трикатна зграда со по еден стан на секој кат, која се наоѓа веднаш до парцелата на која е во тек изградба на нова зграда. Две противпожарни возила, командантот, како и главниот инспектор и вработениот во конзорциумот биле испратени на терен.
Кога пристигнале првите екипи, станарите веќе ја напуштиле зградата. Бил поставен безбедносен прстен, а неколку минути подоцна евакуираната зграда целосно се урна. За среќа, нема повредени меѓу жителите и членовите на службите за итни случаи.
Како мерка на претпазливост, друга зграда во близина на местото на уривањето беше последователно евакуирана, сè додека не се изврши инспекција од страна на градските технички служби.
Пожарникарите ги координираа активностите со локалните власти, дистрибуцијата на електрична енергија, гасната служба и други надлежни тимови. Со оглед на тоа што зградата е целосно урната и нема жртви, се проценува дека работата за дополнително обезбедување на зградата од страна на конзорциумот нема да биде потребна.
ВИДЕО | Бројот на жртви од уривањето на зграда во Либан се искачи на 15


