Сер урнаа две згради во Триполи/Фото: Abdul Kader Al Bay / Zuma Press / Profimedia

ВИДЕО | Бројот на жртви од уривањето на зграда во Либан се искачи на 15

Бројот на жртви од уривањето на две соседни згради во Триполи, Либан , се искачи на 15, откако беа завршени операциите за пребарување и спасување, изјави денес шефот на службата за цивилна заштита, според Либанската национална новинска агенција, во најновата проценка на катастрофата, пренесува Ројтерс.

Имад Краис нагласи дека спасувачките екипи спасиле осум лица кои биле пронајдени под урнатините на зградите во населбата Баб ал-Табане во северниот либански град.

Абдел Хамид Кариме, претседател на општинскиот совет на Триполи, зборувајќи на прес-конференција во Триполи, не кажа колку луѓе би можеле да бидат заробени под урнатините.

Претходно, шефот на агенцијата за цивилна заштита изјави дека во зградите што се урнале имало 22 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот