Одреден 30-дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на лекарот во Железара
Судијата на претходна постапка им одреди 30-дневен притвор на 65-годишниот маж и неговата 59-годишна сопруга против кои Основното јавно обвинителство Скопје вчера отвори истражна постапка за убиството на лекарот Ацо Трповски, кој пред две години беше пронајден мртов со повеќе убодни рани на паркингот кај поликлиниката „Железара“.
Препорачано
Од Основниот кривичен суд Скопје утрово информираа дека судијата го прифатил предлогот на ОЈО Скопје и на сопружниците им определил затворски притвор, ценејќи дека постојат околности за опасност од бегство и влијание врз сведоци.
Брачниот пар вчера беше изведен пред надлежниот суд откако од републичкото Јавно обвинителство соопштија дека ОЈО Скопје и Министерството за внатрешни работи (МВР) обезбедиле докази кои укажуваат дека 65-годишниот маж го извршил убиството, додека неговата шест години помлада сопруга е осомничена дека помогнала при извршувањето на кривичното дело, прикривајќи ги трагите.
Докторот во Железара не бил убиен поради лекарската професија, приведени се тројца осомничени
„Осомничената се договорила со жртвата да се најдат на наведеното место. Кратко време откако влегла во неговиот автомобил, пристигнал осомничениот. Тој ја отворил вратата од возилото и го извлекол оштетениот, со кого започнале вербално да се расправаат. Во еден момент, осомничениот извадил нож и му нанел девет убодни рани во градите и телото од кои оштетениот починал. Сопружниците заедно го ставиле телото на предното седиште од автомобилот. Осомничениот го одвезол до паркингот на Поликлиниката Железара, каде го префрлил починатиот на возачкото седиште. Осомничената со средство ги избришала трагите од автомобилот, по што двајцата заминале“ соопшти вчера Обвинителството.
Трповски неколку години работел како управител и доктор со азиланти. Најголем дел од неговиот работен век го поминал како доктор по општа медицина.
Докторот во Железара не бил убиен поради лекарската професија, приведени се тројца осомничени


