Вработен во КХС/ Фото: Фејсбук, Комунална хигиена - Скопје

Скопјанец истепал вработен во „Комунална“, па го следел до дома — се слушале и истрели

Вработен во ЈП „Комунална хигиена“ вчера пријавил дека бил физички нападнат додека бил на работна задача во Скопје, а потоа напаѓачот го следел со возило до неговиот дом.

„На 14.07.2026 во 19:00 часот во СВР Скопје, Р.И.(48) од Скопје пријави дека околу 17:50 часот на ул.’Маџари’ во Скопје, додека извршувал работни задачи како вработен во ЈП ‘Комунална хигиена’, со возило дошол Б.П.(52) од Скопје и физички го нападнал, а потоа и го следел со неговото возило до домот на пријавителот“, соопшти МВР.

Пријавителот посочил и дека слушнал истрели од огнено оружје додека бил следен од напаѓачот.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје денес, колку ѓубре во контејнер, три пати повеќе надвор од него

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот