ВИДЕО | Страшни пожари во Канада: густ чад го обои небото портокалово, воз остана опкружен со пламен
Стотици шумски пожари беснеат низ Канада, а густиот чад го обои небото во портокалова боја над Торонто и делови од САД.
Препорачано
Канадската метеоролошка служба „Енвајронмент Канада“ во Торонто измери индекс на ризик за здравјето од загадување на воздухот од 10+, што се класифицира како „многу висок ризик“, објави „Ројтерс“.
Њујорк почна да ги чувствува последиците неколку дена пред соседниот Њу Џерси во недела да биде домаќин на финалето на Светското првенство.
Локалните власти издадоа предупредување откако квалитетот на воздухот достигна нездраво ниво и ги повикаа жителите да ги намалат активностите на отворено.
Националната метеоролошка служба соопшти дека чадот може да се задржи до крајот на неделата.
„Веројатно сè уште не сме го виделе најлошото во Њујорк. Веројатно сè уште не сме го виделе најлошото ниту за Големите Езера, северниот дел на сојузната држава Њујорк и Нова Англија“, изјави Ден Вествелт, вонреден професор по истражување на Универзитетот Колумбија.
Компанијата за технологија за следење на квалитетот на воздухот „Ајкјуер“ од Швајцарија го рангираше Торонто како град со најлош квалитет на воздух во светот.
An apocalyptic scene unfolded on Highway 11 in Northwestern Ontario, Canada, this evening as the sky turned deep red and nearly black. pic.twitter.com/KK2RVqLMtP
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 15, 2026
Шумските пожари заробија две мали групи деца од Минесота кои биле на кампување во канадската дивина. Едната група била евакуирана со хеликоптер во координација со канадската армија.
„Двете групи се спасени и се враќаат дома на безбедно“, напиша гувернерот на Минесота, Тим Волц, на платформата „Икс“.
Видео кое стана вирално на социјалните мрежи прикажува канадски воз на железничката компанија „Канадијан нешенел“ опкружен со пламен во близина на Армстронг, во Онтарио.
This is near Armstrong, Ontario.
When will the Canadian National Railway Company make a statement about this incident? pic.twitter.com/6bKJYugeR0
— Sol Mamakwa (@solmamakwa) July 14, 2026
Вработените на компанијата и жителите на Армстронг биле евакуирани во понеделникот навечер, соопшти железничкиот оператор.
Компанијата привремено го прекинала железничкиот сообраќај во близина на Армстронг, на повеќе од 500 километри северно од Торонто, како превентивна мерка поради пожарите.
Пожарите го затемнија небото
Чадот од шумските пожари во Северна Канада во последните години стана честа летна појава во големи делови од САД.
Градот Торонто го откажа Фестивалот за навивачи на ФИФА и организираното следење на натпреварот Англија–Аргентина на Светското првенство на плоштадот „Нејтан Филипс“ поради лошиот квалитет на воздухот.
Во областа на Њујорк се очекува повеќе од 80.000 луѓе да присуствуваат на финалето на Светското првенство на отворен стадион во Њу Џерси во недела.
Уште околу 50.000 луѓе планираат да го следат натпреварот од Централ парк во Менхетен, каде што небото изгледаше замаглено.
Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, на социјалните мрежи изјави дека чадот и маглата од канадските пожари создаваат нездрави услови низ целата сојузна држава и ги повика луѓето, особено оние со здравствени проблеми, да бидат внимателни.
Владата на Канада соопшти дека сезоната на пожари започнала побавно во 2026 година отколку во 2023 и 2025 година – двете најтешки сезони досега – но предупреди дека ризикот од пожари останува висок поради повисоките од вообичаените температури низ земјата.
Според канадските власти, во средата во земјата беснееле околу 835 активни пожари.
Грег Еванс, професор по хемиско инженерство и применета хемија на Универзитетот во Торонто, изјави дека градот истовремено бил погоден од екстремна топлина и од чад од шумските пожари.
„Очекувам вакви ситуации да се случуваат почесто во следните децении, па градовите и жителите мора да се подготват за тоа во иднина“, рече тој.
ВИДЕО | Пожарите во Шпанија ја однесоа 13-тата жртва – Британка почина од повредите


