Фото: syri.net

Почина македонски државјанин во притвор во Валона, доживеал срцев удар

Македонскиот државјанина Б.Л. (54), кој беше во притворскиот центар во албанскиот приморски град Валона, починал откако доживеал срцев удар, јави МИА повикувајќи се на албански медиуми.

Според првичните информации, тој покажал здравствени проблеми и доживеал срцев удар, поради што бил веднаш пренесен во Регионалната болница во Валона, каде и покрај напорите на лекарите не успеале да го реанимираат. Надлежните спроведуваат потребни дејствија за да се разајаснат сите околности.

Албанската полиција Б.Л. го уапси на 25 април во Валона, каде имал изнајмено стан кој, според полицијата, го претворил во „база за дрога“.

-Полицијата во Валона разби случај на дистрибуција на дрога, по операција спроведена од специјалисти за истраги за наркотици. Уапсен е македонскиот државјанин Б.Л. (53) кој изнајмил стан во населбата 10 јули каде ја чувал и подготвувал дрогата, кокаин и марихуана, во помали пакувања, објави тогаш полицијата.

За време на претресот, полицијата во станот пронашла значителна количина кокаин и марихуана, електронска вага и неколку мобилни телефони.

Во акцијата биле уапсени и албанските државјани А.И.(31) од Валона и К.А.(27) од Берат, кои се товарат за кривично дело производство и продажба на наркотични дроги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот