Докторот во Железара не бил убиен поради лекарската професија, приведени се тројца осомничени

Возила на Итна медицинска помош / Фото: Архива на „Слободен печат“

Приведено е уште едно лице за убиството на матичниот лекар Ацо Трповски кој со убодни рани беше пронајден во својот автомобил пред поликлиниката во Железара каде имал приватна ординација. Како што информираше техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, сега има вкупно три приведени лица.

-Претресот е завршен во доцните вечерни часови. Се продолжува со други истражни дејствија за да се утврди фактичката состојба. Штом има други информации,ќе ја информирам јавноста, рече Тошковски при посетата во Струмица.

Синоќа Тошковски во емисија кажа дека мотивите за убиството на докторот не биле поврзани со неговата професија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот