Фото: ФФМ

ФФМ не го прифати барањето на Вардар за одложување на мечот од првото коло

Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека барањето на ФК Вардар за одложување на натпреварот од првото коло на Првата македонска фудбалска лига за сезоната 2026/2027 не е прифатено.

Календарот за натпреварување во Прва и Втора МФЛ и Купот на Македонија за сезоната 2026/27 е веќе усвоен од органите на ФФМ и поради специфичниот распоред на натпреварите, не постои можност за негово дополнително менување.

Во новата сезона Прва МФЛ ќе се игра по систем од 36 кола, што бара прецизно планирање и почитување на однапред утврдениот календар.

Истовремено, при неговата подготовка беше земен предвид и спортскиот аспект, односно принципот на одигрување натпревари во ритам четврток / недела / четврток за клубовите кои настапуваат во европските клупски натпреварувања, практика што се применува и во најголем дел од европските национални првенства.

ФФМ потсетува дека и во претходната сезона, поради истите причини и почитување на принципот на еднаков третман, не беа прифатени барањата за одложување на натпревари од клуб кој настапуваше во натпреварувањата на УЕФА.

Согласно тоа, натпреварот од првото коло на Првата лига ќе се одигра според утврдениот календар, на 26 јули 2026 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот