Фото: EPA/RONALD WITTEK

Шпанскaта Ла Лига го освои финалето уште пред првиот свиреж

Финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија нема да биде само пресметка за највредниот трофеј во светскиот фудбал. Во недела на „Метлајф“ во Њу Џерси ќе се судрат и најсилните фудбалски лиги и клубови, а бројките јасно покажуваат кој е вистинскиот победник уште пред првиот судиски свиреж.

Од вкупно 52 фудбалери што ќе им бидат на располагање на селекторите Лионел Скалони и Луис де ла Фуенте, дури 24 настапуваат во шпанската Ла Лига. Тоа значи дека речиси секој втор играч во големото финале доаѓа од шпанскиот шампионат, кој убедливо доминира пред сите останати лиги.

Зад Ла Лига е англиската Премиер лига со 13 претставници, додека сите останати шампионати имаат значително помало влијание врз составите на двата финалисти.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Претпазливоста на Тухел ѝ донесе на Аргентина можност за нова светска титула

Интересен е и податокот дека само тројца фудбалери кои настапуваат во аргентинското првенство ќе играат во финалето – Николас Отаменди и Гонзало Монтиел од Ривер Плата, како и Леандро Паредес од Бока Јуниорс.

Најголем придонес меѓу клубовите има Атлетико Мадрид. Тимот на Диего Симеоне има дури девет свои играчи во финалето – Хуан Мусо, Науел Молина, Тиаго Алмада, Џулијано Симеоне и Хулијан Алварез во аргентинската репрезентација, како и Марк Пубил, Алехандро Грималдо, Маркос Љоренте и Алекс Баена во составот на Шпанија.

Ученикот против учителот — двајца големи пријатели во финалето на Мундијалот

Веднаш зад Атлетико е Барселона со осум претставници, сите во шпанската селекција – Жоан Гарсија, Пау Кубарси, Ерик Гарсија, Педри, Гави, Дани Олмо, Ламин Јамал и Феран Торес.

По три фудбалери во финалето имаат Арсенал, Атлетик Билбао и Тотенхем, додека Интер Мајами, Ривер Плата, Ливерпул и Олимпик Марсеј се застапени со по двајца играчи.

Меѓу клубовите со по еден претставник се Астон Вила, Манчестер Јунајтед, Челзи, Баер Леверкузен, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Пари Сен Жермен, Реал Сосиедад, Бетис, Комо, Палмеирас, Стразбур, Лион и Бока Јуниорс.

Шпанија и Аргентина ќе играат за пехарот, но и за 50 милиони долари

Посебно внимание привлекува фактот што европските шампиони од последната деценија имаат изненадувачки скромно влијание во финалето на Светското првенство. Ливерпул има двајца претставници – Алексис Мекалистер и Виктор Муњоз, Пари Сен Жермен е претставен преку Фабијан Руиз, Манчестер Сити преку Родри, Челзи преку Енцо Фернандез, а Реал Мадрид само со Марк Кукуреља.

Иако во недела ќе се одлучува кој ќе стане светски шампион, статистиката веќе испрати јасна порака – кога станува збор за создавање играчи за најголемата сцена, шпанската Ла Лига и нејзините клубови повторно покажаа дека се еден од главните центри на светскиот фудбал.

Аргентинските фудбалери предизвикаа дипломатска бура по победата над Англија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот