Фото: EPA/WILL OLIVER

Аргентинските фудбалери предизвикаа дипломатска бура по победата над Англија

Победата на Аргентина над Англија во полуфиналето на Светското првенство не донесе само фудбалска еуфорија, туку отвори и нова политичка полемика. По драматичниот пресврт и триумфот од 2:1, аргентинските фудбалери се најдоа во центарот на вниманието откако во прославата по натпреварот развија транспарент со политичка порака поврзана со долгогодишниот спор за Фолкландските Острови.

Во моментите на славје, играчите на Аргентина од навивачите го зедоа транспарентот со натпис „Las Malvinas son Argentinas“ („Малвините, односно Фолкландските Острови, се аргентински“), со што повторно беше отворено едно од најчувствителните прашања во односите меѓу двете земји.

Реакцијата од Велика Британија не изостана. Британската влада побара од ФИФА да ја разгледа ситуацијата и евентуално да покрене истрага поради политичката порака при прославата на аргентинската репрезентација.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Претпазливоста на Тухел ѝ донесе на Аргентина можност за нова светска титула

Министерот за бизнис на Велика Британија, Питер Кајл, оцени дека потегот на аргентинските фудбалери бил „целосно несоодветен“ и порача дека политиката нема место во фудбалот.

„Политиката мора да биде одвоена од спортот. Тоа е еден од основните принципи на Светското првенство. Сега е на ФИФА да спроведе темелна истрага“, изјави Кајл за Би-Би-Си.

Според правилата на светската фудбалска федерација, на стадионите и теренот не се дозволени политички пораки, па аргентинската репрезентација би можела да се соочи со дисциплинска постапка доколку ФИФА процени дека е прекршен правилникот.

Аргентина чекори кон нова фудбалска бесмртност

Спорот околу Фолкландските Острови, кои Аргентина ги нарекува Малвини, трае со децении. Аргентинската страна тврди дека островите ѝ биле незаконски одземени во 1833 година, додека Велика Британија се повикува на своето историско присуство и суверенитет над територијата уште од 18 век.

Конфликтот меѓу двете земји кулминираше во 1982 година, кога Аргентина изврши инвазија на островите, што доведе до десетнеделна војна во која загинаа околу 900 луѓе.

Така, полуфиналето кое требаше да биде само фудбалски спектакл меѓу две големи репрезентации повторно ги отвори старите рани. Додека Аргентина слави ново финале на Светското првенство, а Англија останува со болката од елиминацијата, надвор од теренот продолжува спорот кој трае повеќе од четири децении.

Ученикот против учителот — двајца големи пријатели во финалето на Мундијалот

Шпанија и Аргентина ќе играат за пехарот, но и за 50 милиони долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот