Фото: илустрација / Слободен печат / Драган Митрески

Ветил дека ќе му го врати запленетиот златен накит, па го измамил за 28.700 евра

Машко лице било измамено за сума од околу 28.700 евра од страна на лажен службеник во државна институција, информира Министерството за внатрешни работи.

Како што соопштија оттаму, синоќа во 21:30 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, машко лице од Скопско пријавило дека во временскиот период од 12.11.2024 до 12.01.2025 од друго машко лице било измамено за сума од околу 28.700 евра.

– Според пријавеното, пријавителот во занаетчиски дуќан во Скопје го запознал лицето, кое му се претставило како службеник во државна институција и му кажало дека преку свои пријатели може да му помогне на пријавителот да го врати претходно запленетиот златен накит, но, за тоа морал да плати. Пријавителот му ги дал парите, но, подоцна сфатил дека бил измамен – информираа од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот