Фото: Уставен суд

Уставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка – Судот затечен

Пет месеци откако беше избран за уставен судија, професорот од Правниот факултет Гоце Наумовски поднел оставка и ја испратил до Собранието. Информацијата ја потврдуваат од Собранието, а неофицијално од Уставниот суд се изненадени од неговата одлука.

– До Судот, од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денеска беше отсутен од седницата. Официјална потврда не е пристигната ниту од Собранието. Претседателот Костадиновски единствено доби потврда за оставката во телефонски разговор од претседателот на Собранието, Африм Гаши – велат официјално од Уставниот суд.

Наумовски бил отсутен на вчерашната седница и денешната седница била презакажана поради неговото отсуство, но тој не се појавил. Според нашите информации, во оставката, Наумовски не навел точно од кои причини ја поднел оставката. Единствено пишувало „од лични и професионални причини“.

Наумовски се најде на списокот на советници на Владата кој беше објавен во јануари минатата година, а како што пишуваше, тој го советувал премиерот за прашања од областа на правото.

Тој е редовен професор на катедрата по Римско право и предава повеќе предмети: Римско право, Право и информатичка технологија, Право на трговски марки и географски називи; Патентно право, Спортско право, Реторика, Интелектуална сопственост и Правна реторика и аргументација.

Претседателот на Уставен Костадиновски го испофали „Безбеден град“ пред Судот да одлучува по четири претставки со кои проектот се оспорува

Наумовски доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд. Таа наведе дека се повлекува „поради здравствени и лични причини“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот