Бранко Азески / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Азески: Корупцијата, сивата економија и слабите институции го кочат бизнисот на Западен Балкан

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, учествуваше на дебата за проширувањето на Европската Унија во Брисел, организирана од Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК), на која присуствуваа повеќе од 500 претставници на европските институции, бизнис-заедницата, социјалните партнери и граѓанското општество.

Во своето обраќање, Азески истакна дека зборува во име на приватниот сектор од Западен Балкан и посочи дека корупцијата, сивата економија и нефункционалната администрација остануваат најголемите пречки за развојот на компаниите во регионот. Според него, истражувањата покажуваат дека повеќе од 90 проценти од компаниите ги посочуваат токму овие проблеми како главни бариери за деловниот развој и инвестициите.

Азески предупреди и на недоволно развиената гасна и транспортна инфраструктура, како и на потребата од поефикасно функционирање на правната држава, оценувајќи дека без овие предуслови не може да се очекува побрз економски напредок и успешна европска интеграција.

Тој нагласи дека интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија мора да биде проследена со конкретни реформи што ќе создадат стабилна и предвидлива деловна средина, ќе ја зголемат конкурентноста на компаниите и ќе овозможат побрзо вклучување на регионот во единствениот европски пазар.

Азески: Го имам прошетано цел Балкан и сè уште гледам луѓе кои не разбираат колку е важно заеднички да работиме

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот