Азески: Корупцијата, сивата економија и слабите институции го кочат бизнисот на Западен Балкан
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, учествуваше на дебата за проширувањето на Европската Унија во Брисел, организирана од Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК), на која присуствуваа повеќе од 500 претставници на европските институции, бизнис-заедницата, социјалните партнери и граѓанското општество. Во своето обраќање, Азески истакна дека зборува во име на приватниот сектор од Западен Балкан …

