Бранко Азески / Фото: МИА

СКСМ: Азески е во странство поради здравствени причини

Стопанската комора на Северна Македонија информира дека претседателот на Комората Бранко Азески моментално се наоѓа во странство на санација на акутна реакција од хронична болест од која боледува повеќе години.

„Поради шпекулациите кои се појавија во јавноста, Стопанската комора на Северна Македонија ве известува дека претседателот на СКСМ Бранко Азески моментално се наоѓа во странство на санација на акутна реакција од хронична болест од која боледува повеќе години. Претседателот Азески е во добра здравствената состојба и е во процес на брзо закрепнување. Се очекува да се врати на работните обврски во најскоро можно време“, се наведува во соопштението од Комората.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот