Фото: Алжирски Генерален директорат за цивилна заштита

ВИДЕО | Единаесет лица загинаа во пожар во дом за згрижување деца во Алжир

Единаесет лица загинаа, а 19 беа повредени во пожар што избувна во дом за згрижување деца во Алжир, главниот град на истоимената земја.

Службата за цивилна заштита соопшти дека пожарникарите ја започнале својата интервенција во 3:30 часот наутро по локално време, јавува Би-би-си.

Повеќе од три часа по почетокот на операцијата, пожарот сè уште се гаснел.

Десет противпожарни возила и 16 амбулантни возила биле испратени на местото на настанот. Властите известија дека пет лица со попреченост добиле медицинска помош и биле префрлени на безбедна локација за време на интервенцијата.

Алжирскиот премиер Сифи Гриб посети две болници во Алжир за да ги види повредените во пожарот. Државните медиуми објавија информација за посетата со фотографија на премиерот покрај дете во болнички кревет.

Информации за возраста на жртвите не се објавени. Инцидентот се случил во време кога Алжир е зафатен од топлотен бран. Според извештајот на новинската агенција АФП, за период од една недела во земјата се забележани речиси 1.000 пожари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот