Гутереш го вознемири светот: Вештачката интелигенција не смее да одлучува за луѓето
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, повика на воспоставување сеопфатни глобални правила за развој и употреба на вештачка интелигенција (ВИ), предупредувајќи дека сè помоќните системи на ВИ сè повеќе се користат на бојните полиња, каде што, како што изјави, „роботите убијци“ веќе станаа реалност. Зборувајќи на првиот Глобален дијалог на Обединетите нации за управување со вештачката интелигенција во Женева, Гутереш рече дека развојот на вештачката интелигенција повеќе не треба да се остава на поединечни компании и земји.
Препорачано
-Вештачката интелигенција е премногу важна за да ја обликуваат неколкумина. Ни треба глобален, инклузивен, разговор базиран на факти- рече специјалниот претставник на ОН за дигитални и нови технологии, Амандип Синг Гил.
Гутереш нагласи дека секој иден меѓународен договор за вештачка интелигенција мора да се базира на доверба и безбедност, со посебен фокус на заштитата на децата.
-Ниедно дете не треба да биде заморче за нерегулирана вештачка интелигенција. Не дозволуваме лековите да стигнат до децата сè додека не се докаже дека се безбедни. Ја тестираме секоја играчка, а вештачката интелигенција веќе влезе во животите на нашите деца, во нивното образование, пријателства и најинтимни работи, пред некој да се запраша какви последици би можела да има – рече Гутереш.
We may be the last generation able to set the terms on which humanity and machines coexist.
If AI is to be powerful, it must be governed.
If AI is to be trusted, those who build it must be accountable.
If AI is to be global, it must be fair.
And if AI is to serve the future, it…— António Guterres (@antonioguterres) July 6, 2026
Тој ги повика државите да ја поддржат новата Повелба за безбедност на децата во ерата на вештачката интелигенција, која предвидува дека компаниите за вештачка интелигенција мора да докажат дека нивните системи се безбедни за малолетници пред да бидат достапни за јавноста.
Гутереш предупреди дека човековите права мора да останат над технологијата.
-Вештачката интелигенција никогаш не смее да го одземе човечкото достоинство или да ја продлабочи дискриминацијата. Во сите одлуки од клучно значење – во правдата, здравството или полицијата – машините можат да помогнат, но луѓето мора да донесуваат одлуки и да сносат одговорност за нив – рече тој.
Гутереш оцени дека е неприфатливо развојот на вештачката интелигенција да биде резервиран само за најбогатите земји и најголемите технолошки компании. Според него, приватниот сектор инвестира стотици милијарди долари во инфраструктура за вештачка интелигенција, додека јавните инвестиции наменети за земјите во развој се занемарливи.
„Мета“ со вештачка интелигенција одлучувала кој ќе добие отказ, сега се соочува со тужби


