Омилениот рокер се разведува од сопругата по 14 години, го изненади светот откако откри дека е геј
Фронтменот на „Беартут“ (Beartooth), Кејлеб Шомо, се разведе од сопругата Флер по 14 години брак и по речиси два месеца откако јавно се изјасни дека е геј. Според пишувањето на „Пејџ сикс“, двојката неделава поднела барање за развод во Лос Анџелес.
Препорачано
Рок-ѕвездата и Флер се венчаа во 2012 година, а тој во мај објави дека е „горд хомосексуалец“.
View this post on Instagram
„Во последно време имаше многу шпекулации за мојот приватен живот и се чувствувам принуден да ги разјаснам фактите пред да почнат уште повеќе да влијаат на оние што ги сакам. Јас сум горд хомосексуалец. Ова е нешто со што веќе извесно се соочувам во животот. Ми беше тешко да се снаоѓам во чувствата што ја придружуваа таа тема и да сфатам што да правам со тој факт“, рекол музичарот.
Тој додал и дека една деценија поминал „потиснувајќи ги чувствата со алкохол“.
„Искрено, кога одлучив тоа да го оставам и да се фокусирам на истражување зошто се чувствував вака толку долго, тоа беше директен пат кон помирувањето со својата сексуалност со надеж дека тоа на крајот ќе ме доведе до искуство на љубов кон себе“, навел Шомо, меѓу другото. Во продолжение на објавата, тој им се заблагодари на сите за нивната поддршка.
View this post on Instagram
Неговата сопруга била „повредена“ и „дезориентирана“ по откритијата на сопругот, но јавно се заколнала дека ќе го „сака и ќе го поддржува“.
Кејлеб се појави во поткастот „Disrespectfully“ претходно овој месец, каде што проговорил за „застрашувачкиот“ момент кога ѝ открил на сопругата дека е геј.
„Ми течеа солзи обидувајќи се тоа да го изразам со зборови“, започнал музичарот, кој се присетил дека на Флер ѝ рекол: „Постои нешто од што бегам многу долго време и мислам дека повеќе не сакам да бегам“.
Шомо веднаш по разговорот со сопругата започнал со терапија, иако признал дека има „проклето долг пат да си прости самиот себе“. Оние што се запознаени со животот на музичарот знаат дека тој пораснал во многу религиозно семејство и се борел со анксиозност, депресија, самоубиствени мисли, нарушувања во исхраната и злоупотреба на дрога. За животните предизвици пее во песните на својот бенд, кој го основаше во 2012 година.
View this post on Instagram
Освен од сопругата, Кејлеб добил поддршка и од обожавателите.
„Браво за него! Честитки за неговата храброст и отвореност!“, „Љубовта кон себе и самодовербата се прекрасни. Многу сум среќна што го гледам дека се изразува. Тука сум од почетокот, нема да одам никаде наскоро“, напишале обожавателите.
Тој добил поддршка и од членовите на неговиот бенд.
Почина српската пејачка Бети Ѓорѓевиќ, позната по хитот „Почнимо љубав испочетка“


