Салата со брокула и сланина / Фото: Brent Hofacker / Alamy / Profimedia

Рецепт за летна салата од брокула со крцкава сланина и кремаст сос

Крцкавата сланина и свежата брокула во комбинација со кремаст прелив прават салата полна со вкусови и текстури.

Оваа салата можете да ја чувате во затворен сад во фрижидер три-четири дена. Доколку однапред ја подготвувате, се препорачува салатата и преливот да ги чувате одделно, а потоа да ги измешате најмалку еден час пред сервирање.

Состојки:

– 5-6 шолји цветови брокула
– 115 грама тврдо сирење
– 85 грама сушена брусница
– 60 грама крцкава сланина
– 60 грама солени семки од сончоглед
– 50 грама црвен кромид (ситно исечкан)

За преливот (дресингот):

– 175 грама мајонез
– 70 грама павлака (или грчки јогурт)
– 1½ лажица јаболков оцет
– 3 лажички шеќер
– ¼ лажичка сол
– ¼ лажичка црн бибер

Подготовка:

Крцкава, кремаста и полна со вкусови – оваа салата е одличен прилог со месо, скара или како лесен оброк сама по себе. Комбинацијата од брокула, сланина, суво овошје и сирење ќе ги воодушеви дури и оние што вообичаено не се љубители на зеленчук.

Во голем сад измешајте брокула (свежа), рендано сирење, сушена брусница, сланина, семки од сончоглед и црвен кромид.

Во мал сад измешајте го мајонезот, павлаката, оцетот, шеќерот, солта и биберот додека не добиете мазна и кремаста смеса. Прелијте го дресингот врз салатата и добро измешајте за да се премачкаат сите состојки.
Салатата може да се сервира веднаш, но најдобро е да отстои во фрижидер најмалку еден час. Повторно промешајте пред сервирање.

Три рецепти за летна манџа, омиленото јадење во топлите денови

Рецепт за сладолед од лубеница — има нула калории

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот